„Тоа е трагичен настан и сите ние мора да го осудиме убиството на припадникот на косовската полиција. Се разбира, ние секогаш жалиме за загубата на животи, но важно е да се има предвид дека мораме да продолжиме со политичкиот процес. Мислам дека се одвиваат процеси за понатамошно поттикнување на дијалогот“, изјави Хил на новинарите на јавната дебата Промената геополитичка средина и предизвиците на меѓународниот правен поредок, што ја организираше Советот за стратешки политики во соработка со Амбасадата на Бугарија.
Хил ова го изјави на новинарско прашање да ја коментира средбата на амбасадорот Квинта и како тој гледа на ситуацијата на Косово.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата