logo
logo
logo

Кампања на грчката Влада за летен одмор без сообраќајни несреќи

Vecer | 05.08.2025

Кампања на грчката Влада за летен одмор без сообраќајни несреќи

Го менуваме однесувањето. Возиме безбедно, е пораката во видеото на грчката Влада за безбедност во сообраќајот за време на летниот период и летните одмори, со оглед на тоа што според статистиката, секое лето, над две лица дневно ги губат нивните животи на асфалтот, јави дописничката на МИА од Атина.

Видеото има за цел подигање на свеста за безбедноста на патиштата за време на летните одмори, бидејќи тогаш се регистрираат повеќето сообраќајни несреќи со трагични последици.

-Грчките острови се убави. Но, не толку убави за да биде последното нешто што ќе го видиш во твојот живот. Секое лето, над две лица дневно ги губат нивните живот на асфалтот. Го менуваме однесувањето. Возиме безбедно, порачуваат од грчката Влада преку видеото. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk