logo
logo
logo

Каја Калас најави посета на Србија во мај

Vecer | 14.04.2025

Каја Калас најави посета на Србија во мај

-Назначивме нов претставник за дијалогот и тој процес треба да продолжи, нагласи Калас.

Таа во Брисел изјави дека на земјите кандидати за членство во ЕУ им било јасно ставено до знаење дека не треба да учествуваат на парадата за Денот на победата во Москва на 9 мај. 

Калас, на прес-конференцијата по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, нагласи дека е јасно кажано дека одредени земји-членки нема да гледаат позитивно на тоа учеството поради сеопфатната руска агресија врз Украина.

Според неа, во неделата и денеска имало добра дебата за Западен Балкан, и „најдобар начин за намалување на тензиите во регионот е сите да бидат во ЕУ, бидејќи Унијата е мировен проект и носи смирување на тензиите меѓу земјите“.

„Албанија и Црна Гора прават добри чекори, спроведуваат реформи и од таму ќе имаме неколку успешни приказни“.

Според нејзините зборови, Босна и Херцеговина е во уставна криза и секоја постапка за уривање на државата не е неприфатлива.

„Политичките лидери треба да ги премостат разликите, а не да ги зајакнуваат. При мојата посета на Босна и Херцеговина видов дека европската интеграција е нешто за што сите се согласуваат и треба да се оди во таа насока“, смета Калас. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk