logo
logo
logo

Југот на Хрватска се соочува со проблем!

Vecer | 15.02.2023

Југот на Хрватска се соочува со проблем!

На југот на Хрватска не можат да најдат доволно луѓе за чистење на апартманите, ниту за 15 евра за час, а цената за час на оваа работа во следната сезона би можела дури и да се удвои во однос на лани.

Во Дубровник, најскапиот хрватски град, поскапеа и хигиеничарките. Апартмани има сè повеќе, а луѓе кои сакаат да чистат сè помалку. Имено, условите за работа се сè полоши, а на хигиеничарите многу често им се замерува дури ако направат кратка пауза за ручек.

„Тоа е постојана работа, вие имате свои задачи, нема застанување, во смисла, сега ќе помуабетам малку, па ќе одам малку да седнам“, вели сопственичката на сервисот за чистење во Дубровник, Николина Шушац, а пишува Данас.хр.

„Имав пример кога една госпоѓа се јави да побара 15-минутна пауза“.

Во овој сектор може да се најде работа и за студентите од Дубровник. Саатницата е од 5 до 7,5 евра, а платата во шпицот на сезоната е до 1.500 евра месечно.

Марко Потребица, директор на Студентскиот центар во Дубровник, вели дека немаат доволно студенти за побарувачката од ова занимање, а  саатницата е примамлива. Сепак, не е тајна дека тоа е пазар каде повеќето луѓе се плаќаат „на рака“.

Но, со скокот на цените, на сопствениците на апартмани не им се исплати ништо друго освен апартманите да ги чистат сами.

„Услугите на агенцијата ретко се користат. Иако побарувачката за таквата услуга е сè поголема поради недостигот на работна сила“, вели Нино Дубретиќ, сопственик на агенција за приватно сместување.

Интересно е и тоа што високата тарифа за чистење на апартманите направи проблем во дубровничката болница која тешко наоѓа работници за чистење. Во болницата има многу работа, но за време на летото многу е полесно и поисплатливо да се чистат апартмани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk