Српскиот претседател Александар Вучиќ ја посети повредената пратеничка Јасмина Обрадовиќ.
„Во посета на Јасмина Обрадовиќ. Верувам во нејзината сила. Јасмина ќе победи, Србија ќе победи“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Министерот за здравство Златибор Лончар соопшти дека пратеничката Јасмина Обрадовиќ е на интензивна нега.
Пратениците на српската опозиција употребија чадни бомби и солзавец во парламентот во во знак на противење на владините политики и за поддршка на студентските демонстрации.
Во еден момент, по паузата која траеше околу 10 минути, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ изјави дека пратеничката Јасмина Обрадовиќ морала да ја напушти седницата откако била фрлена димна бомба и дека била однесена со возило на брза помош.
Набргу потоа, претседателката Брнабиќ изјави дека пратеничката Јасмина Обрадовиќ (СНС) имала мозочен удар поради фрлена шок бомба.
„Пратеничката Јасмина Обрадовиќ доживеа мозочен удар и е во животна опасност, жената се бори за живот откако вие и фрливте шок бомба“, изјави Ана Брнабиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата