logo
logo
logo

Изгоре зградата на „Вјесник“ во Загреб, еден од симболите на новинарството во Југославија

Vecer | 18.11.2025

Изгоре зградата на „Вјесник“ во Загреб, еден од симболите на новинарството во Југославија

Околу 100 пожарникари со 30 возила ја гаснеа стихијата, која изби непосредно пред полноќ од покривот и брзо проголта поголем дел од објектот, во кој за среќа немало никој, објави Индекс.

Објектот кој се уште чади, се испитува со термална камера и се прават обиди да се утврди статиката на повеќекатницата, чие гаснење е отежнато поради тоа што делови од фасадата постојано паѓа.. Причината за пожарот е непозната, но се претпоставува дека огнот избувнал во електричните инсталации низ целата зграда..

Објектот беше седиште на дневниот весник „Вјести“ до неговото затворање пред 13 години и од тогаш се користи како деловен комплекс, но простории имаат и дел од министерствата..

„Вијести“ за време на осумдесетите години важеше за еден од најмоќните медиум во екс Југославија, имаше околу шест илјади вработени и тираж од 200 милиони изданија годишно..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk