logo
logo
logo

Издадено е итно предупредување за туристите: Санторини го напуштиле над 11.000 луѓе

Vecer | 04.02.2025

Издадено е итно предупредување за туристите: Санторини го напуштиле над 11.000 луѓе

Поточно, 7.000 граѓани и 1.200 приватни возила го напуштиле Санторини со брод, додека повеќе од 4.000 луѓе решиле да заминат со авион, објави порталот Protothema.gr.

Во меѓувреме, општина Тир со итно соопштение ги повикува сопствениците на хотелите и сместувачките капацитети, како и изнајмувачите на соби да ги информираат туристите за состојбата со земјотресите.

Поточно, се повикуваат сопствениците на објектите што ги користат туристите да ги информираат посетителите да избегнуваат опасните места на Санторини, како што е карпата Скарос, каде туристите често се фотографираат.

Воедно, општина Тира дава инструкции за туристите во врска со интензивната сеизмичка активност во последните денови, вклучително и информации за собирни места во случај на силен земјотрес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk