logo
logo
logo

Истекоа 82.000 литри нафта од српска рафинерија, можно е загадување на Дунав

Vecer | 24.04.2025

Истекоа 82.000 литри нафта од српска рафинерија, можно е загадување на Дунав

Околу 82.000 литри нафта се излеале за време на товарење во шлеп на компанијата „Нафтахем“ од Нови Сад од српската рафинерија во Панчево на 21 април околу 7:00 часот, соопшти денеска Основното обвинителство во Панчево.. Дел од нафтата завршила во заштитната бариера околу шлепот, а потенцијално и во реката Дунав.

Дежурниот обвинител веднаш излегол на местото на инцидентот, каде извршил увид заедно со припадници на полицијата, покраински инспектори за заштита на животната средина, државни инспектори за безбедност во пловидбата и за превоз на опасни материјали, се наведува во соопштението.

Истрагата утврдила дека на 20 април шлепот, сопственост на „Нафтахем“, пристигнал на третиот пристаништен кеј на рафинеријата во Панчево, а на 21 април, во периодот меѓу 7:02 и 7:35 часот, за време на товарењето на нафта, се излеале околу 82.000 литри во заштитната бариера околу шлепот и потенцијално во Дунав.

Институтот за јавно здравје земал мостри од водата во близина на шлепот и на други делови од реката Дунав, со цел да се утврди степенот на загадување. Службата за јавно здравје во Панчево, во соработка со полицијата и надлежните инспекторати, ќе преземе дополнителни мерки и ќе ја утврди причината за еколошкиот инцидент. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk