logo
logo
logo

И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците

Vecer | 26.01.2025

И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците

Апелот уследи по успешната граѓанска акција во Хрватска.

Иницијаторите на акцијата апелираат граѓаните на 31 јануари ништо да не купуваат и да не ги посетуваат рестораните.

На социјалните мрежи граѓаните на БиХ тврдат дека цените на храната во земјата се многу повисоки од во западните држави, а трошоците за домување се неподносливи.

Иницијаторите на бојкотот посочуваат дека целта на акцијата е да се изврши притисок врз властите и работодавците да преземат конкретни мерки за намалување на инфлацијата, зголемување на минималната плата и подобрување на севкупниот животен стандард на граѓаните. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk