Страшен напад се случил денеска во центарот на Белград, поточно во познатата улица „Кнез Михајлова“ кога поранешен вработен во ресторан И.Г. (33) со нож го избодел П.Д.(50). Како што пренесуваат тамошните медиуми
работник со нож го нападнал менаџерот на ресторанот, наводно поради неисплатени плати на персоналот.
— Pluton (@Pluton45873221) September 20, 2023
- По куса расправија, работникот извадил нож и го прободел во рамото П.Д., пишуваат тамошните медиуми, а како што може да се види на видеото кое кружи по социјалните мрежу, персоналот се обидува да го спречи полудениот човек кој за сето време и нив ги напаѓа со нож.
Во општиот хаос летале и столчиња и завршиле буквално среде Кнез Михаилова.
Жртвата е пренесена во Ургентниот центар, а напаѓачот веднаш бил уапсен благодарение на полицаецот кој успеал да го онеспособи .
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата