Сцените на хорор што ги доживеала жената биле откриени во четвртокот вечерта, кога соседите слушнале врисоци од куќата, каде Албанецот ги држел во заробеништво жената и детето.
Соседите упорно тропале на вратата од станот, а кога Албанецот ја отворил, се обидел да побегне, но го задржале додека не дојде полицијата.
Албанецот вечерта ја фатил сопругата за врат и се обидел да ја задави - на вратот ѝ биле пронајдени траги од давење.
Албанката во сведочењето во полиција рекла дека сопругот ја тепал секој ден, а пред таа вечер два пати се обидел да ја убие. Таа тврди дека тогаш била во многу полоша состојба.
Двојката се венчала во Албанија кога девојката имало 18 години, а бракот го договорило нејзиното семејство. Околу 1,5 година подоцна тие добиле дете.
Тие дошле во Грција во 2021 година во областа Волос, каде што нејзиниот сопруг нашол работа.
Како што покажала истрагата, мажот за време на затворањето не дозволувал детето да оди на лекар, ниту сопругата да учи грчки.
Албанката во последните пет месеци не видела ниту сончева светлина, а сопругот ѝ забранил да излегува во дворот.
Како што пишуваат грчките медиуми, Албанецот се заканувал дека ќе оди во Албанија и ќе ги убие нејзините родители доколку им каже што се случува или ако се обиде да избега.
По апсењето жената и детето кои се во добра состојба, се пренесени на безбедно, објави Катимерини.