logo
logo
logo

Грчката полиција спречила инцидент меѓу навивачи, уапсени 87 лица

Vecer | 02.10.2023

Грчката полиција спречила инцидент меѓу навивачи, уапсени 87 лица

 Во атинска населба, грчката полиција вчера уапсила 87 лица, од кои 62 малолетни, со што спречила инцидент меѓу навивачи во пресрет на натпревар меѓу локалните тимови Неа Иониа - Ираклио, од пониските лиги, јави дописничката на МИА од Атина.

Уапсените, како што соопштија од полицијата, биле во две групи, во близина на стадионот, а кај нив биле пронајдени парчиња дрво, железо, дрога, пиротехнички материјали итн. 

Подоцна било констатирано дека станува збор за навивачи на два различни тима, односно на двете екипи што синоќа играле на локалниот стадион.

-Грчката полиција, во рамките на справувањето со насилството со спортска позадина, ќе продолжи да врши проверки со цел спречување и сузбивање на ваквите појави, соопштија од полицијата.

Уапсените за товарат за формирање и учество во криминална организација, за прекршување на законите за спорт, оружје, пиротехнички материјали, дрога и нарушување на јавниот мир, а денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk