Групата повика на бојкот преку социјалните мрежи како одговор на постојаниот раст на цените на основните прехранбени производи, и покрај најавите од владите на двата автономни региони за мерки за нивно ограничување.
Бојкотот не се однесува само на супермаркетите, туку и на бензинските пумпи и угостителските објекти.
Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина најави дека ќе донесе одлука за „замрзнување на цените“ на вкупно 50 производи, додека владата на Република Српска најави зголемени инспекции и санкции за трговците на мало за неоправдано поскапување.
Федералниот министер за трговија Амир Хасичевиќ во вторникот изјави дека владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина планира да ги намали цените и да ги задржи пониски за најмалку 50 основни прехранбени производи, во обид да ги намали вкупните трошоци за живот на граѓаните.
Минатиот петок граѓаните на БиХ одржаа иста акција.
Во Хрватска денеска трет бојкот на трговските синџири
На повик на платформата „Ало инспекторе“, денеска во Хрватска се одржува еднодневен бојкот на сите производи и услуги, во знак на протест на потрошувачите поради високите цени. Исто така, денеска стапува во сила и одлуката на Владата за директни мерки за контрола на цените на одредени производи, со која се прошири постојната листа од 30 производи со ограничени цени на 70 производи.
Утре започнува неделен бојкот на малопродажниот синџир Конзум. Еднонеделен бојкот на Конзум беше одлучен врз основа на анкетата што платформата ја објави на својата веб-страница и што траеше 24 часа на 5 февруари. Со одлука на потрошувачите, првиот малопродажен синџир што ќе биде бојкотиран една недела од сабота, 8 февруари до петок, 14 февруари е Конзум. Анкетата забележа 211.638 гласови од 144.732 гласачи. За бојкот на Конзум се изјасниле 31,7 отсто од гласачите, потоа Плодин со 29,1 отсто и Студенац со 6,87 отсто.
Во средата вечер заврши еднонеделниот бојкот на три трговски синџири – Лидл, Еуроспин и ДМ и три производи – Кока Кола и други газирани пијалоци, флаширана вода и детергент за миење садови.
Покрај неделниот бојкот, 7 февруари ќе биде трет последователен петок во кој се повикани граѓаните да се воздржат од секаков вид купување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата