logo
logo
logo

Градоначалникот на Тирана останува во притвор

Vecer | 13.02.2025

Градоначалникот на Тирана останува во притвор

Во суд беа повеќе од 7 часа каде освен Велиај беа испрашувани и неговата сопруга Ајола Џоџа и 6 бизнисмени, а судското тело повеќе од два часа одлучуваше околу мерките.

На Џоџа мерката "куќен притвор" и е заменета со "јавување двапати месечно во судот" а и е одземен и пасошот и и е забрането напуштање на земјата.

Еден од бизнисмените доби затворски притвор, додека за останатите  потврдена е првата мерка за јавување во судот.

Адвокатите за Велиај побарале ослободување од притвор со парична гаранција, но било одбиено поради можноста да побегне од земјата.

Велиај (46) кој е градоначалник на Тирана  во три последователни мандати, беше уапсен во понеделникот под обвинение за пасивна и активна корупција, перење пари и непријавување имот, по што му беше изречена мерката „затворски притвор“. 

Во реакција на социјалните мрежи, од притвор, тој го изрази своето незадоволство од тековниот процес, нарекувајќи го нефер и апсурден, додавајќи дека „ниту тој, ни членовите на неговото семејство немаат никаква поврзаност со зборот корупција“.

Во текот на денот, за време на целата расправа,  пред судот беа вработените во општинската администрација, како и граѓани, во знак на поддршка. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk