logo
logo
logo

Голема полициска акција во БиХ- уапсен е синот на моќен трговец со оружје

Vecer | 22.10.2025

Голема полициска акција во БиХ- уапсен е синот на моќен трговец со оружје

Томислав Зубак е уапсен поради сомнителна продажба на средства на компанијата „Витезит“, потврдено е и за сараевската Н1, а се очекува апсење на уште неколку осомничени во оваа операција, пренесе Телеграф.

Во подрачјето на СБК се вршат претреси на неколку локации, вклучувајќи ја ПС Витез д.о.о. во стечај и правното лице ВДГ д.о.о. Витез, а голем број полициски возила се наоѓаат пред административната зграда.

Како што претходно беше најавено, операцијата во БиХ се спроведува под надзор на вршителот на должноста федерален обвинител на Специјалното одделение на Федералното обвинителство (ПОСКОК), со цел документирање на кривични дела злоупотреба на положба или овластување, како и неовластено поседување оружје или експлозиви.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk