logo
logo
logo

Голем пожар во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

Vecer | 26.06.2025

Голем пожар во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

Голем пожар избувна кусо пред 13 часот по локално време во близина на населени места во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а преку две пораки од бројот 112 за итни случаи беше побарано до сите оние кои се во близина, да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Противпожарната служба на Грција информираа дека интервенираат 90 пожарникари со три пешадиски тима, 28 возила, осум авиони, пет хеликоптери, како и цистерни од општината.

Неофицијално, огнените јазици се во непосредна близина на домови и се шират со голема брзина.

Со одлука и наредба на полицијата во прекин е сообраќајот на булеварите во близина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk