logo
logo
logo

Главниот обвинител на Словенија поднесе оставка поради возење под дејство на алкохол

Vecer | 03.10.2023

Главниот обвинител на Словенија поднесе оставка поради возење под дејство на алкохол

Шкета го призна прекршувањето и се извини.

Тој вчера на новинарите им кажа дека во саботата вечерта излегувал од својот автомобил од приватна забава, кога во близина на Марибор бил запрен од полицијата и бил алкотестиран.

Законската граница на алкохол за возење во Словенија е до 0,24 милиграми алкохол на литар издишен воздух. Шкета рече дека неговиот допинг тест покажал 0,37 милиграми.

Тој за состојбата во саботата го информираше министерот за правда, а вчера претпладне поднесе оставка до Државниот обвинител, до претседателот на Собранието и до министерот за правда.

Шкета рече дека понудил оставка бидејќи секогаш се залагал за висок морал кај државните службеници. - Дадов оставка затоа што сметам дека моите постапки можат да му наштетат на доброто име на обвинителството и државните обвинители, рече тој.

Шкета, кој најголемиот дел од својата кариера ја помина во обвинителството, е главен обвинител на Словенија од 2017 година. а во мај започна нов шестгодишен мандат. Тој беше единствениот кандидат за оваа функција.

Главниот обвинител на Словенија е именуван од Собранието за период од шест години на предлог на Државниот обвинителски совет, по мислење на Владата. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk