logo
logo
logo

Георгиев: Ќе обезбедиме коридор низ Бугарија за авионот на Путин до Будимпешта

Vecer | 20.10.2025

Георгиев:  Ќе обезбедиме коридор низ Бугарија за авионот на Путин до Будимпешта

Шефот на бугарската дипломатија , Георг Георгиев, изјави дека Бугарија е подготвена, доколку е потребно, да обезбеди воздушен коридор за авионот на рускиот претседател Владимир Путин на пат кон Будимпешта, за средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

-Кога се прават напори за постигнување мир, логично е да се обезбедат сите потребни услови за постигнување на таа цел, рече Георгиев, одговарајќи на прашања од Бугарското национално радио.

На прашањето дали Бугарија ќе обезбеди воздушен коридор за авионот на Путин, тој праша „како може да се одржи состанок ако еден од неговите учесници не може да присуствува на него“.

На 16 октомври, по телефонскиот разговор со Путин, Трамп објави дека се договориле наскоро да се сретнат во Будимпешта, а тоа беше потврдено и од Москва.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk