Демантот на бугарскиот министер за надворешни работи доаѓа по изјавата на министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, кој во интервју за ТРТ Балкан кажа дека имаат потврда од Бугарија, која претходно разговарала со хрватскиот министер за одбрана, за да се придружи кон тројниот договор, што беше потпишан на 18 март во Тирана.
Одговарајќи на пратеничко прашање, Георгиев нагласи дека Бугарија е запознаена со иницијативата и дека внимателно го анализира текстот на документот, но во ниту еден момент не била консултирана или официјално поканета да се приклучи кон иницијативата. во врска со неодамнешниот договор за одбранбена соработка меѓу Србија и Унгарија, Георгиев изјави дека Бугарија не може да го коментира, бидејќи станува збор за билатерален документ во кој Бугарија не е страна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата