Рано утрово на патот кон Зрењанин се случи необична сообраќајна несреќа — од камион на коловозот испаднаа гајби полни со пиво.
Во моментов сè уште не е познато дали некој е повреден ниту што е причината што довела до оваа незгода.
На фотографиите и видеата може да се забележи стаклено ѓубре расфрлано на сите страни по патот.
Сообраќајот на делницата Нови Сад – Зрењанин беше во целосен застој, а колона од возила се протегаше на голема далечина од правецот на Нови Сад.
Инцидентот се случи во близина на бензинската пумпа "Јелиќ".
Извор: 021.rs
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата