logo
logo
logo

Буковата шума на Фрушка гора повторно номинирана за списокот на светско наследство

Vecer | 25.08.2025

Буковата шума на Фрушка гора повторно номинирана за списокот на светско наследство

Буковата шума „Папратски дол“ на Фрушка гора повторно е меѓу локалитетите кои Министерството за заштита на животната средина ги предложи за внесување на листата на светско природно наследство под заштита на УНЕСКО.

Овој предлог следува и покрај тоа што пред три години УНЕСКО ја информираше Србија дека поради интензивната сеча на околните предели, оваа шума не ги исполнува условите за светско природно наследство.

Покрај „Папратски дол“, за светска природна вредност предложени се уште две шуми на Тара и една на Копаоник.

Министерството појасни дека овој чекор има за цел вклучување на нашите шуми во светската природна вредност „Древни и недопрени букови шуми на Карпатите и бројни други европски региони“, што моментално вклучува 93 локалитети во 18 европски држави, и ќе биде првпат Србија да има природно добро на листата на светско наследство.

Во соопштението се нагласува и дека древните букови шуми во Србија претставуваат извонредни примери на сочувани шумски екосистеми од умерените појаси, а нивното впишување на списокот е признание за нивната универзална вредност и значење за глобалното природно наследство.

Извор: 021.rs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk