Земјите од Западен Балкан ќе станат дел од Европската Унија само врз основа на сопствените заслуги, рече претседателката на европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, при нејзината посета на Бугарија, на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Росен Жељасков. Прашана дали верува оти стратегијата за безбедносниот систем што Европската Унија го гради со вооружување и други мерки во регионот на Црното Море и на Балканот е одржлива, со оглед на политиката на прогласениот руски сојузник Србија и обидите за дестабилизација на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, додавајќи дали ги имаат в предвид овие ризици во државите кандидати за членство во ЕУ. Дополнително новинарот на БГНЕС ја праша и дали на премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски му кажала оти нема да добие план Б за европска интеграција на земјата, на што Фон Дер Лајен не даде конкретен одговор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата