Две непознати лица претпладнево извршиле вооружен грабеж во банка во строгиот центар на Атина, одзеле непознат паричен износ и побегнале, јавува дописничката на МИА од Атина.
Според грчката телевизија Мега, едниот вооружен со пиштол, а другиот со калашников им се заканиле на вработените и клиентите, во банката останале околу две минути, а откако ги земале парите, побегнале пеш.
Грабежот се случил околу 12 часот напладне во филијала на банка што се наоѓа на улицата Митрополеос, една од попрометните во строгиот центар на Атина, во период кога постои голема раздвиженост, не само на грчките граѓани, туку и на туристи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата