logo
logo
logo

КАЗНАТА ЗА ПЛАЌАЊЕ ЌЕ ВЕ ЧЕКА НА ГРАНИЦА: Грција го дигитализира сообраќајниот режим

Vecer | 12.11.2025

КАЗНАТА ЗА ПЛАЌАЊЕ ЌЕ ВЕ ЧЕКА НА ГРАНИЦА: Грција го дигитализира сообраќајниот режим

Грција најави нов, автоматизиран систем за контрола на сообраќајни прекршоци, кој ќе им оневозможи на странските државјани да ја напуштат земјата доколку имаат неплатена казна.

Според најавата од грчкото Министерство за дигитална управа, системот директно ќе ја поврзе сообраќајната полиција со царината. Тоа значи дека при премин на граница, веднаш ќе се појават сите евентуални неплатени казни.

Ако полицијата ви изрекла казна или ве регистрирала сообраќајна камера, податоците автоматски ќе се внесат во системот, а на граничниот премин ќе ве чека само сметка.

Во пракса, доколку, на пример, камера во Солун регистрира прекршок, казната веднаш ќе се евидентира и ќе биде достапна на границата уште пред возачот да пристигне таму. Новиот систем ќе го блокира излезот од земјата додека долгот не се подмири.

Грчките власти објаснуваат дека ваквата мерка е неопходна, бидејќи годишно се изрекуваат казни во вредност од 100 до 110 милиони евра, а се наплаќаат само околу 40 милиони евра.

Целта е да се обезбеди праведен однос меѓу возачите и значително зголемување на безбедноста во сообраќајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk