logo
logo
logo

Иванка Трамп гради ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ ВО АЛБАНИЈА! Погледнете го запуштениот остров што ќе биде претворен во рај (ВИДЕО)

Vecer | 03.06.2025

Иванка Трамп гради ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ ВО АЛБАНИЈА! Погледнете го запуштениот остров што ќе биде претворен во рај (ВИДЕО)

Албанија, до неодамна скриена дестинација на Европа, се соочува со експлозивен раст на туризмот што може сериозно да ја загрози одржливоста на локалните заедници и животната средина.

Од 2015 година, бројот на туристи во земјата речиси се зголеми за трипати - од 3 милиони во тоа време на дури 10 милиони во 2023 година, што претставува зголемување од 56% во однос на нивоата пред пандемијата.

Албанската влада очекува овој број да се зголеми на 30 милиони годишно до 2030 година, што би значело дека земјата прима повеќе туристи отколку што моментално примаат Португалија или Хрватска.

Загриженост за животната средина и инфраструктурата

Овој брз раст на туризмот предизвика сериозна загриженост.

Весли Дидани од Saranda Web предупредува дека некои туристички проекти се појавуваат без соодветно урбанистичко планирање, што предизвикува уништување на природната средина, особено по должината на брегот.

На пример, во Саранда имало случаи на директно фрлање градежен отпад во морето.

Влијание врз локалното население

Притисокот се чувствува и на пазарот на недвижности: на локалните жители им е сè потешко да најдат прифатливо домување, бидејќи странските инвестиции и туристичката побарувачка доведоа до вртоглаво зголемување на цените.

Ситуацијата потсетува на она што се случува на популарните дестинации како Мајорка.

Инвеститори Џаред Кушнер и Иванка Трамп

Меѓу инвеститорите се Џаред Кушнер и Иванка Трамп, кои добија зелено светло за изградба на луксузен хотел вреден 1,4 милијарди долари на островот Сазан.

Според Светскиот туристички совет, Албанија во моментов е третиот најбрзо растечки туристички пазар во светот, зад Катар и Порторико.

Погледнете како изгледа островот Сазан:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk