Српската полицијата извршила увид во угостителскиот објект „РАФТ 25 ТХ“ во Белград на улица „Велика степенице“ бр.8, при што е пронајдено поголемо количество разновидни наркотици, јавуваат медиумите.
Според тоа, по наредба на обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград, на шест лица им е одредена мерка притвор до 48 часа поради сомнение дека сториле кривично дело неовластено држење и тргување со наркотични дроги.
Како што неофицијално дознава Пинк, меѓу приведените се и лидерот на блокаторите Вељко Радуновиќ, како и неколку студенти на блокадите.
Според налогот на Даночната управа, објектот бил пломбиран, а како што неофицијално се дознава, СВС следната недела ќе донесе решение за затворање на зградата, бидејќи не ги исполнува условите за работа.
Со координирана акција на полицијата и обвинителството, како и претрес на објектот е спречена потенцијална трагедија, со оглед на тоа што е утврдено дека нелегалниот објект се наоѓа во рамките на магацинот за муниција на МВР. Оваа акција спречи потенцијална катастрофа и македонско сценарио за пожар.
Осомничените во недела ќе бидат изведени на распит во надлежното обвинителство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата