logo
logo
logo

Милановиќ

„Израел планира ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ НА ГАЗА - Криминалците треба да се нарекуваат со нивното вистинско име“

Vecer | 11.08.2025

„Израел планира ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ НА ГАЗА - Криминалците треба да се нарекуваат со нивното вистинско име“

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека планот за окупација на Појасот Газа, презентиран од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, всушност е план за етничко чистење на тој град.

Тој повика на итна акција

„Објавата за окупацијата на Газа од страна на израелската армија само потврдува дека израелскиот режим планира етничко чистење на Газа, што би било воено злосторство. Затоа, на ниво на ЕУ, итно е потребно да се запре и забрани секаков облик на воена соработка со израелскиот режим и да се признае Палестина“, одговори Милановиќ на прашањето на RTL.

„Претседателот на Републиката уште еднаш ја повикува Владата на Република Хрватска да го започне процесот на признавање на Палестина и да се залага во институциите на ЕУ за став за суспендирање и забрана на секаков облик на воена соработка со израелскиот режим. Хрватска мора да има став, а не само да ги следи упатствата од Брисел“, додаде тој.

Планот на Нетанјаху

Безбедносниот кабинет на Израел го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху - израелските одбранбени сили (ИДФ) да ја преземат контролата врз градот Газа, објави Кабинетот на премиерот во петок.

Според планот, Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе влезат во северниот дел од енклавата, а воедно ќе им обезбедат хуманитарна помош на жителите надвор од борбените зони, објави „Тајмс оф Израел“.

Операцијата би можела да бара масовна евакуација на околу 800.000 луѓе, објави „Тајмс оф Израел“.

Планот на Нетанјаху предвидува таканаречени „пет принципи за завршување на војната со Хамас“, кои вклучуваат разоружување на тоа палестинско милитантно движење, враќање на сите заложници - живи и мртви, додека се проценува дека 20 од 50 заробени се живи, потоа демилитаризација на Појасот Газа, израелска безбедносна контрола врз енклавата и воспоставување алтернативна цивилна влада која не е Хамас или Палестинската самоуправа.

Милановиќ постојано го критикуваше Израел, ја прекина соработката на хрватската армија со израелската

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ постојано ги критикуваше постапките на еврејската држава во Појасот Газа, како и недостатокот на акција од страна на хрватската влада поради она што тој го нарече „криминална политика“.

„Израел може да прави што сака, така е со децении, тоа е сосема јасно. Не мислам дека треба да имаме ништо со таква држава и такво државно раководство. Тоа е едноставно криминална политика што не води никаде и која, за жал, има поддршка од Вашингтон. Не знам зошто, како е во американски интерес. Некој сака да предизвика светски конфликт, го прави тоа насилно, корумпирано и го прави со американско оружје“, рече Милановиќ и додаде дека Хрватска треба да ја признае Палестина.

„Бидејќи за она што се случи пред 100 години, Холокаустот, не сум одговорен јас, ниту пак некој од денешната хрватска политика. Затоа, мора да зборуваме без никакво комплекс и каква било можно, за мене неразбирливо, преостанато чувство на некоја древна вина. Криминалците треба да се нарекуваат со нивното вистинско име, а дел од раководството на сегашната израелска влада се криминалци. А што вели за тоа израелската амбасада тука или нивното Министерство за надворешни работи, тоа воопшто не ме засега.“

На почетокот на август, Милановиќ објави дека, како врховен командант на хрватските вооружени сили, донел одлука да ја прекине соработката на хрватската армија со Израел. Тој, исто така, ја повика владата да ја прекине трговијата со оружје со земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk