logo
logo
logo

ТЕНЗИИ ПОМЕЃУ БЕЛГРАД И МОСКВА. “Слaвjaнскиот братски сојуз“ не е поважен од енргетската стабилност

Vecer | 25.10.2025

ТЕНЗИИ ПОМЕЃУ БЕЛГРАД И МОСКВА. “Слaвjaнскиот братски сојуз“ не е поважен од енргетската стабилност

Српската рафинерија НИС во Панчево е во мнозинска руска сопственост со што е ставена на листата американски и европски санкции и од 1 ноември нема да може да работи доколку не го ја смени сопствениоста а Русите одбиваат да ја продадат што Србија ја става во положба да нема потребно производство на бензин и дизел гориво.

Некои политички кругови, дури и од редот на владеачката партија, ова го сметаат како нефер однос, како политички притисок од Москва кон Србија која е единствена европска држава што не вовела никакви санкции кон Русија иако од Брисел е постојано опоменувана да го спроведе тоа.

Доплнително, Србија има договор со Угарија проблемот делумно да се реши со увоз од Унгарците но, минатата недела се случи диверзија врз унгарската рафинерија за што Унгарците сметаат дека е украинска акција и рафиенирајата е вон производство, па нема капацитети за увоз на гориво од Унгарија во Србија.

Дополнително, иако е ветено а се преговара со месеци, Русија не го потпишува дговорот за испорака на гас по “пријателски цени“ кој Србија, по ветувањето, го очекува.

Иако постои неизвесност во врска со гасниот аранжман со Русија и санкциите против НИС, Белград вели дека нема да дозволи енергијата да стане средство за политичка уцена.

Енергетската криза, предизвикана пред сè од американските санкции против НИС и неизвесниот гасен аранжман со Русија, е уште еден обид да се наруши рамнотежата воена неутралност на Србија, и тоа преку економски механизми.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја повтори својата решеност дека во наоѓањето решение за оваа сложена ситуација, главен водич ќе биде заштитата на виталните интереси на нашата земја и нејзините граѓани.

Порака до повеќе адреси

Зборувајќи за увозот на гас, тој рече дека Русите се сигурен партнер, но дека не ја разбира „играта на потпишување гасен аранжман“ нагласувајќи дека на Србија и се најважни сопствените државни интереси и дека за да се сочуваат државата размислува за ревизија на своте политики “и кон истокот и кон западот“ за да не влезе во енергетска криза .

- Можно е тоа да е поврзано со прашањето за нафтата... Лесно е да се каже дека Србија ќе увезува гас од некој друг, но не е лесно да се направи тоа. Резултатот не е добар за нас во тој поглед. Но, тие ни испорачуваа и продолжуваат да ни испорачуваат гас. Редовно, редовно - рече Вучиќ за РТС.

Пораката дека Србија нема да ја промени својата политика под никаков притисок не е упатена само до Русија, туку се однесува и на европските партнери и Америка, со кои моментално разговараме за стратешки дијалог, во кој има сегмент за енергетска соработка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk