logo
logo
logo

Еве зошто БУГАРИЈА ГО ПРОТЕРА РУСКИОТ СВЕШТЕНИК

Vecer | 21.09.2023

Еве зошто БУГАРИЈА ГО ПРОТЕРА РУСКИОТ СВЕШТЕНИК

Бугарија го протера рускиот свештеник Васијан, потврди Москва.

Црковниот претставник на Московската патријаршија во Софија, архимандрит Васијан е протеран од Бугарија поради „закана за националната безбедност“. Покрај него, протерани се и двајца црковни службеници, соопшти руската амбасада во Бугарија.

Руската амбасада ги опиша протерувањата на тројцата црковни службеници како „груби, флагрантни дејствија“ и изрази револт од одлуката.

На 17 септември тројца руски дипломати беа прогласени за персона нон грата од Македонија. Како што објавија македонските медиуми и копретседателот на „Демократска Бугарија“ Атанас Атанасов, еден од нив е токму архимандритот Васијан (Змеев).

Информациите за протераните дипломати во петокот ја пренесоа руското МНР и руската амбасада во Скопје. Ден подоцна тоа го потврдија и од македонското МНР. Инаку, портпаролската на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова се закани дека ќе има одговор.

Информацијата дека еден од протераните е архимандрит Васијан, во петокот ја објави веб-страницата dveri.bg.

Како што пренесе неофицијално Змеев ја координирал целата политика на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) во однос на нејзината црковна дипломатија во текот на минатата година.

Според Атанас Атанасов, архимандритот Васијан ја посетил земјава „за извршување на функциите на руското разузнавање со цел воведување раскол во македонската црква“.

Инаку, во текот на минатите години, Македонската православна црква јавно изрази противрење во однос на бугарското вето кое се однесува во делот на губење на македонскиот национален идентитет

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk