logo
logo
logo

ЕУ за нацртот на Рама за ЗСО на Косово: Сериозен и квалитетен документ

Vecer | 09.06.2023

ЕУ за нацртот на Рама за ЗСО на Косово: Сериозен и квалитетен документ

Дипломатски извори кои го виделе нацртот оценија дека станува збор за „сериозен и квалитетен документ“.

Извори од Брисел на РСЕ наведуваат дека текстот на нацртот е внимателно анализиран и додаваат дека тој се третира како уште еден придонес, слично на другите нацрти направени од различни организации и тинк-тенкови.

Дипломатите во Европската унија наведуваат дека не е толку важно како ЕУ го третира нацртот, туку каков однос имаат Србија и Косово кон него, пренесе Бета.

- На Приштина и Белград е да напредуваат кон исполнување на оваа обврска во рамките на дијалогот, рече еден европски дипломат под услов да остане анонимен.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, на прес-конференција соопшти дека на 7 јуни на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц им доставил нацрт за формирање Заедница на општини со српско мнозинство и на Косово и ги известил претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и американската страна.

Рама рече и дека не се консултирал со премиерот на Косово Албин Курти за изработка на статутот за формирање на ЗСО. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk