Учесничките од реални шоуа Сања Станковиќ и Наташа Шавија наводно биле фатени во големата полициска акција во Белград во која се уапсени 29 лица, а кои се осомничени за поврзаност со елитна проституција.
Како што дознава српска „Република“, старлетите во контакт со клиентите стапувале преку максимум двајца мажи, па со муштерии на повеќе локации престојувале низ белградските хотели.
Девојките наводно ги подведувале Душко Бањац и фитнес инструкторот Никола Анѓелиќ, а покрај Станковиќ и Шавија, на списокот се и зајачицата на Плејбој Мартина Рајиќ и други девојки. Против сите девојки на списокот, како и против организаторите се поднесени пријави, по некои се уште се трага, дел се уапсени, а дел се во бегство, пишува споменатиот медиум.
- Во голема полициска акција им се одземени лаптопите, УСБ-уреди каде се чуваат сите податоци, како и цените на услугите што ги пружаат девојките кои работат за Душко и Никола. Во компјутерот биле пронајдени белешки со датуми кога девојките се сретнале со клиенти, забавите на кои договарале работа, каталози и хотели каде што престојувале. Преку Јелена Јојиќ - Мадам ги организираат девојките, прават групњаци и оргии за политичари, бизнисмени и спортисти, но понекогаш и за луѓе кои не се дел од јавниот свет, а се подготвени да платат. Се наведува и дека цените се движеле од 1.000 до 5.000 евра за ноќ. Шавија и Сања се фатени на проституција со бизнисмен со кој биле на неколку тајни локации во центарот на Белград, а Мартина Рајиќ е фатена на дело. Покрај Бањац, Анѓелиќ и Јелена Јојиќ-Мадам, лисици и се ставени и на Мартина, која нема да биде донесена на распит во обвинителството бидејќи е донесена во Прекршочниот суд поради проституција. Мартина ќе биде сослушана како сведок, наведува изворот.

Макроaта Душко и Никола наводно подолго време живеат заедно во љубовна заедница.
-Анѓелиќ е познат фитнес инструктор, додека Бањац е познат во естрадните кругови, со оглед на тоа што извесен период работеше како менаџер. Двајцата веќе подолго време живеат во љубовна заедница, а инаку приватно се блиски со старлетите кои сега се осомничени за проституција и кои се уапсени, а работата била договарана со заедничка согласност. Се случувало да се договараат работни ангажмани и додека сите биле излезени на сплавови, па на девојките им се давале инструкции само преку повици, ретко пораки, адреси каде и кога да се сретнат со клиентите - вели извор за горенаведениот медиум.
Инаку, на Сања Станковиќ и се губи секаква трага откако пред неколку дена дошла на снимањето на емисијата „Магазин ин“ што се емитува на Пинк, а оттогаш телефонот е исклучен.
Душко Бањац на јавноста и е познат од поодамна, како менаџер на пејачката Каје Остојиќ. Во 2016 година е осуден на седум месеци затвор и парична казна од 100.000 динари за посредување во проституција. Бањац и двајца помошници го подведувале Ѓ. М.(17) од Панчево во стан на улица „Димитрија Туцовиќ“ бр.51 на Ѕвездара. Со пресуда на Вишиот суд во Белград е прифатена спогодбата за вина, која Бањац ја склучи со Вишото јавно обвинителство во Белград. Доби седуммесечен притвор од 24 ноември 2010 година, кога беше уапсен, до 29 јуни 2011 година, кога беше пуштен да се брани од слобода. По кулоарите се зборувало дека за Бањац работеле и познати пејачки, манекенки и манекени, од кои некои претходно ги видовме во реалните шоуа „Фарма“ и „Велики Брат“.

Пред две години, учесничката во реални шоуа Сенада Нуркиќ, попозната како Маца Дискреција, беше уапсена во белградски хотел поради проституција, и тоа, наводно додека била со клиент. Како што пишуваа медиумите, таа потоа завршила кај судија за прекршоци, а била осудена на затворска казна која можела да биде заменета со парична. Откако Маца веднаш ја платила сумата за да избегне затвор, била пуштена на слобода. Тијана Максимовиќ, попозната како Тијана Ајфон, беше уапсена во 2020 година под сомнение за проневера и организирана проституција, кога наводно со чамец со уште три девојки кои ги однела на забава се обидела илегално да ја премине границата преку реката Дрина. На крајот на 2014 година во Белград беше уапсена Милица Живановиќ, попозната како Мими Оро, заедно со уште неколку девојки. Тогаш поминала неколку дена во затвор бидејќи одбила да плати казна. Божана Вујиновиќ од Бања Лука беше уапсена поради проституција заедно со Мими Оро во 2014. Во 2015 година медиумите ја поврзуваа и со аферата „харем“. Таа тогаш рекла дека нема никаква врска со проституција и дека во Дубаи престојува исклучиво за туризам и за фотографирање. Мина Врбашки во „Задруга“ јавно призна дека се занимавала со проституција, што ја изненади јавноста, но и нејзиното семејство кое ништо не знаеше за тоа, исто како и Викторија Вики Митровиќ, која е учесничка во актуелната сезона.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата