logo
logo
logo

ЕК за најавата за заминувањето на Вучиќ во Москва:Односите со Русија не можат да бидат нормални

Vecer | 02.05.2025

ЕК за најавата за заминувањето на Вучиќ во Москва:Односите со Русија не можат да бидат нормални

Во врска со најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ќе биде во Москва на 9 мај за прославата на Денот на победата над фашизмот, портпаролот на ЕК, Маркус Ламерт, вели дека ЕУ сака да смета на Србија и дека земјата треба да ја потврди својата стратешка насока кон Унијата.

„ЕУ е јасна кон сите, вклучително и на Србија, дека односите со Русија не можат да бидат нормални додека трае војната“, рече Ламерт.

Тој додаде дека не сака да шпекулира за можните последици.

„Србија аплицираше за членство во ЕУ. ЕУ сака да смета на Србија како на сигурен европски партнер кога станува збор за заеднички принципи, вредности, безбедност и напредок. Потребно е Србија да ја потврди својата стратешка насока. Ние им бевме кристално јасни на сите наши партнери, вклучително и на земјите-кандидатки, вклучително и на Србија: односите со Русија не можат да бидат нормални, додека режимот на Путин е на власт и во сенка на неиспровоцирана и неоправдана руска војна и агресија против Украина“, рече тој.

Вучиќ на 23 април, нагласи дека „не го променил својот став и покрај притисокот“ и најави дека ќе оди во Москва на 9 мај на парадата по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk