logo
logo
logo

Едноминутен молк во Софија во чест на настраданите во Кочани

Vecer | 20.03.2025

Едноминутен молк во Софија во чест на настраданите во Кочани

Насобраните граѓани пред Судската палата во центарот на Софија, пред почетокот на протестот за поддршка на владеењето на правото, ги прочитаа имињата на 59-те загинати во Кочани.

Поради трагедијата во Кочани,  Бугарија во вторникот прогласи ден на жалост, а бугарскиот државен и политички врв, како и бројни граѓани се потпишаа во книгата на жалост отворена во македонската амбасада во Софија.

Во книгата на жалост, како што објавија од македонската амбасада, се потпишале претседателот Румен Радев, потпретседателката Илијана Јотова, претседателката на Народното Собрание Наталија Киселова, поранешниот шеф на бугарската држава Георги Прванов, министри, заменици-министри, пратеници, амбасадори, дипломати, општественици, лекари, истакнати уметници и автори, граѓани, македонски државјани кои живеат во Бугарија.

До амбасадата пристигнуваат и многубројни пораки со зборови на утеха и надеж, изрази на солидарност и сочувство со македонскиот народ.  

Во Бугарија се лекуваат и дел од поврдените во пожарот во Кочани. Бо болниците на Софија, Варна и Пловдив моментално се хоспитализирани 15 лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk