-Тоа не е апел, туку потреба“, напиша Рама на Твитер и додаде дека за повредените војници на КФОР директно одговорни ги смета, како што ги нарекува, „слепите агресори“. „Тоа, за жал, на Косово му штети во очите на неговите незаменливи сојузници и пријатели. Колку подолго трае овој опасен и непотребен судир, толку повеќе му штети на Косово“, наведе албанскиот премиер.
Денеска е мирно на северот на Косово, но и понатаму е тензично. Десетици војници на КФОР, меѓу кои и од американскиот контигент, и ја обезбедуваат општинската зграда во косовскиот град Звечан по вчерашните немири, а НАТО веќе најави и испраќање на дополнителни трупи на Косово.
Како услов за зачувување на мирот, Србите бараат итно повлекување на градоначалниците од албанска националност и на косовската полиција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата