Неколку туристи од Србија се казнети во Грција откако беше издадено предупредување дека отсега ќе има построги сообраќајни контроли на Касандра. На Фејсбук страницата „Никана“, која има многу следбеници од Србија и Грција, некои се „пожалиле“ дека биле строго казнети и тоа и со по 200 евра за, како што рекле, свртување од десната лента на улицата лево, каде што бил нивниот сместувачки капацитет.
Иако сезоната сè уште не е започната, јасно е дека казните за прекршување на сообраќајните прописи се пеколни.
- Денес плативме казна од 200 евра на Касандра за свртување од десната лента на улицата лево каде што беше нашиот сместувачки капацитет. Таму е невозможно да се сврти поинаку, тоа е главниот пат за Криопиги. Полицијата нè следеше до сместувачкиот капацитет и ни наплати казна од 200 евра, ни ги зеде документите и после тоа мораше да одиме во Касандра за да ја платиме казната, вели Србинот и додава:
- Тврдат дека сме преминале дупла полна линија кога вртевме кон сместувачкиот капацитет од левата страна на патот. Полицајците беа многу непријатни и првично не сакаа да ни ги вратат документите до понеделник, иако ја плативме казната, велат српските туристи.
Тие им порачале на сите туристи кои доаѓаат во Грција и планираат да го поминат одморот во оваа земја, да бидат многу внимателни, бидејќи полицијата казнува секаков прекршок, особено во предсезоната. Особено нагласувајќи дека треба да обрнат внимание на сообраќајните знаци, бидејќи, како што велат, патиштата се прилично лошо обележани.
Овој пример го докажува предупредувањето на претходно споменатата Фејсбук страница дека контролата на сообраќајот на Касандра е во тек, а толеранцијата за прекршоци е минимална.
- Бидете внимателни за да избегнете непријатности и за вакви работи да не ви го расипат одморот, велат тие.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата