logo
logo
logo

НЕУСПЕШЕН И 26-ти обид

Vecer | 04.06.2025

НЕУСПЕШЕН И 26-ти обид

Конститутивната седница на деветтото свикување на косовскиот парламент беше прекината денес по 26-ти пат поради недостаток на кворум за тајното гласање на пратениците за избор на претседател на Собранието.

Конститутивната седница на Собранието на Косово започна во 11:20 часот, а претседателот Авни Дехари ги замоли пратениците да седнат на своите места за да се утврди бројот на присутни.

Откако беше утврдено дека во салата има доволен број пратеници, Дехари истакна дека има кворум за одржување на седницата.

Дехари потсети дека на претходните седници немало кворум за гласање на Комисијата за тајното гласање бидејќи претставниците на партиите ДСК, ДПК, АБК-Нисма и Српска листа не предложиле членови на комисијата.

Тој ги повика претставниците на овие партии да го сторат тоа денес.

Откако ДСК, ДПК, АБК-Нисма и Српска листа не ги предложија своите членови на Комисијата за тајно гласање дури ни денес, Дехари повика да се гласа за Комисијата за тајно гласање и членовите предложени од другите партии.

53 пратеници гласаа „за“, еден беше против, додека немаше воздржани. Поради немање кворум, денешната седница беше прекината. Следната е закажана за петок во 11 часот.

Конститутивната седница започна на 15 април, но мандатите на пратениците беа потврдени само четири дена подоцна.

Обидите за избор на претседател на парламентот траат од 19 април, но кандидатката на Самоопределување, Аљбуљена Хаџију, не успеа да добие доволно гласови.

По сите неуспешни обиди за јавни избори, Самоопределување предложи тајно гласање, но дури ни тој предлог не доби поддршка од мнозинството пратеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk