Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денес се сретна со Милорад Додик, со кого разговараше за важни регионални прашања.
По тој повод, Вучиќ се огласи на социјалната мрежа Инстаграм.
„Со Милорад Додик за најважните регионални прашања, соработката меѓу Србија и Српска, како и местото и улогата на српскиот народ во актуелните геополитички промени во Европа и светот.
П.С. „Очилата се на поправка“, напиша тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата