Протсетите во Србија, кои одамна не се “студентски“ се финансирани од странство, за што се објавени низа докази а едни од најважните докази се и оние од званичните извори ан американската влада. Но, последниот доказ за таквото финансирање се и исплати од Фондацијата Рокфелер за, наводно, еколошки ппроекти на сметка на лидерита на блокадерите.
Генерално, странските пари доаѓале преку “невладини организации за се и сешто“ а голем дел се перени и преку лажни исплати од кладилници. Се работи за неколку милиони евра испрани на овој начин, дојдени од странски фондации а испорачани преку кладилници како “добивка“ од кладилниците.
Саво Манојловиќ, водачот на движењето „Крени - промени“, верувал дека може да земе за српски услови голема суми пари од Рокфелер и да ги скрие. но се покажа дека лажно се надевал, исплатата е откриена.
Саво Манојловиќ и неговото движење добија значителни донации од Фондацијата Рокфелер.
Оваа информација беше нкусо на веб-страницата на движењето на Манојловиќ и на самата Фондација Рокфелер, но во меѓувреме Саво Манојловиќ решил да се обиде да ја скрие зад друга фондација. Не успеал.
Имено, на 15 април минатата година, Фондацијата Рокфелер исплатила „грант“ во износ од 120.000 долари на фантомска организација наречена „Центар за промени“.
Таа организација, сепак, не е баш фантомска - регистрирана е на адресата Рига од Фере 7 Белград, истата адреса каде што е регистрирано движењето „Крени - промени“ на Саво Манојловиќ!
Ова го покажуваат официјалните податоци во регистарот на здруженија.

Саво Манојловиќ, со надеж дека повеќе нема да биде прозиван за примање пари од Рокфелер за организаирање на протсетите и блокадите, регистрира ново здружение на истата адреса на своето движење!?! И добива пари.
Интересно е и тоа што оваа донација за организацијата „Центар за промени“ брзо беше избришана од регистарот на „грантови“...

Овие податоци предизвикаа доста возбуда на социјалните мрежи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата