Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес е примен на Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, потврдија од Претседателството за Танјуг.
На ВМА го пречекаа министерот за здравство Златибор Лончар и докторот Драган Динчиќ.
На Вучиќ ненадејно му се слошило за време на посетата на Соединетите Американски Држави, по што побара медицинска помош и по прегледот донесе одлука да се врати во Србија, поради што не можеше да се појави на главните настани за кои дојде во Америка.
На претседателот Вучиќ му се слошило во раните попладневни часови по локално време додека се подготвувал за следните состаноци, а по средбата со конгресменката Клаудија Тени и Род Благојевиќ и српските претприемачи од Америка.
Во тој момент, во собата со него биле министерот за финансии Синиша Мали и Сузана Васиљевиќ, советничка за медиуми на претседателот на Србија.
Како резултат на тоа, на претседателот на Србија беше спречен да се појави на главните настани за кои дојде во Америка.
Гренел рече дека му е жал што не се сретнале со Вучиќ и му посака брзо закрепнување
Пратеникот на американскиот претседател за специјални мисии, Ричард Гренел, му посака што побрзо да се опорави на претседателот Александар Вучиќ, на кого ненадејно му се слоши за време на посетата на САД.
Тој му испрати порака на претседателот Вучиќ на мрежата X во која му рече дека му е жал и дека се надева дека сè е во ред.
„Сè најдобро. Жал ми е што не се сретнавме, но се надевам дека сè е во ред“, напиша Гренел.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата