logo
logo
logo

ИМА БЛОКАДИ НО, ИМА И ИНВЕСТИЦИИ ПРОТИВ БЛОКАДИТЕ: Кинези во Србија ќе градат фабрика на 100 хектари

Vecer | 07.11.2025

ИМА БЛОКАДИ НО, ИМА И ИНВЕСТИЦИИ ПРОТИВ БЛОКАДИТЕ: Кинези во Србија ќе градат фабрика на 100 хектари

Кинескиот текстилен гигант„Гуан Нан“ најави изградба на фабрика во Србија. Инвестицијата ја потврди и потпретседателката на српската влада и министер за економија Адријана Месаровиќ за време на посетата на Изложбениот центар за текстилна индустрија во општина Кечао.

Групацијата поседува 6 индустриски паркови во Кина кои се произведува сè – од предиво до финални производи. Министерката нагласи дека е планирана изградба на таков парк во Србија, за чија изградба се потребни 100 хектари земјиште и квалификувана работна сила, што Србија, како што вели, ги има.

Претседателот на групацијата „Гуан Нан“ Цаи Шоќинг кој е и сопственик на компанијата рече е заинтересиран за инвестирање во Србија каде што би се реализирала неговата прва европска инвестиција.

Мојата намера е да инвестирам во Србија, да изградам индустриски парк во областа на текстилната индустрија, каде што, покрај мене, ќе инвестираат и голем број силни компании од градот Шаоксинг и од други делови на Кина. Неколку пати ја посетив Србија и го ценам челичното пријателство меѓу двете земји, како и фактот дека Владата на Република Србија им дава целосна поддршка на кинеските инвеститори и сум сигурен дека оваа инвестиција ќе биде реализирана – рече тој.

Шокинг додаде дека неговата компанија досега инвестирала во многу земји од Југоисточна Азија и сега сака да го насочи својот фокус кон Србија, како европска земја чие пријателство многу го цени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk