logo
logo
logo

Додик се сретна со Орбан во Будимпешта за продолжување на проектите од кои Германија се повлече, а во кои Унгарија сака да инвестира

Vecer | 05.06.2025

Додик се сретна со Орбан во Будимпешта за продолжување на проектите од кои Германија се повлече, а во кои Унгарија сака да инвестира

Претседателот на Република Српска Милорад Додик во Будимпешта се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој пристигна во унгарската престолнина на покана на Орбан, а на состанокот се разговараше за продолжување на проектите во Република Српска од кои Германија се повлече, а во кои Унгарија сака да инвестира - ветерната електрана Хргуд и изградбата на канализациската мрежа во Градишка.

Во април 2022 година, Германија ги замрзна проектите во тој ентитет со вкупна вредност од околу 105 милиони евра, а во август 2023 година тие целосно се повлекоа.

Унгарија подоцна во неколку наврати објави дека ќе ги преземе тие проекти, но досега тоа не се случи.

Пред посетата на Унгарија, Додик изјави дека Република Српска сака да изгради економија со оние кои ја разбираат и почитуваат.

РТРС наведува дека ова е втора средба меѓу Додик и Орбан оваа година, што е потврда за добрите српско-унгарски односи, но и за поддршката што премиерот на Унгарија, земја членка на ЕУ, му ја дава на претседателот на Српска.

Пред состанокот, Додик за Орбан рече дека тој е еден од лидерите на новиот светски поредок и дека неговата политика кон мигрантите се покажала како точна и дека неговата суверенистичка политика ќе ѝ обезбеди на Унгарија привилегирана позиција и ослободување од царински тарифи под новата американска администрација.

Заедно со претседателот на Српска, кој ја предводи делегацијата што престојува во Будимпешта, тука се и министерката за финансии на Владата на Република Српска Зора Видивиќ, министерот за енергетика и рударство на Република Српска Петар Ѓокиќ, министерот за научен и технолошки развој и високо образование на Република Српска Жељко Будимир, како и генералниот директор на „Електропривреда Република Српска“ Лука Петровиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk