Во срцето на Белград, на Бањица, во близина на зградата на Агенцијата за безбедност и информации, има еден, не баш обичен, дрворед.
Гледано од птичја перспектива, јасно може да се види дека дрвјата се засадени за да го формираат зборот „Тито“, потсетувајќи на едно од најпознатите имиња од историјата на поранешна Југославија.
Јосип Броз Тито беше доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, а преку овој проект, неговото име живее 43 години по неговата смрт. Оваа сцена, освен од воздух, може да се види и преку Google Maps, ако во пребарувањето напишете улица „Кралица Ана“.
Надвор од Белград, вакви редови дрвја постојат и на Власинското езеро, како и во Босна и Херцеговина и Хрватска.
Дека животот на маршалот сè уште привлекува внимание, докажуваат бројните коментари под ова видео на Инстаграм.
„Да живее другарот Тито“, напишал еден следбеник.
„Исечи ако смееш“, заклучил друг.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата