Српскиот претседател Александар Вучиќ нема да се појави на главните настани поради кои дојде во Америка, неофицијално дознава „Блиц“.
На претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ненадејно му се слошило, по што побарал лекарска помош и по прегледот донел одлука да се врати во Србија. Ова се случило во раните попладневни часови.
Кабинетот на претседателот Вучиќ во наредните денови ќе ја информира јавноста за што точно станува збор.
Како што неофицијално дознава „Блиц“, во тој момент во просторијата со претседателот Вучиќ на подготовките за следните средби, а по средбата со конгресменката Клаудија Тени и Род Благојевиќ и српските претприемачи од Америка, биле министерот за финансии Синиша Мали и Сузана Васиљевиќ, советник за медиуми на претседателот Вучиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата