logo
logo
logo

Џачка на средба со Дендиас: Прашањето " Белери" не треба да влијае во билатералните односи

Vecer | 22.05.2023

Џачка на средба со Дендиас: Прашањето " Белери" не треба да влијае во билатералните односи

- Средбата со мојот пријател и колега, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, беше многу добра можност да се разговара за прашањето „Белери“. Јасно нагласив дека ова е судски случај кој не треба да влијае на новата страница што ја отворивме во нашите билатерални односи. Ова не е ниту прашање на човекови права, ниту политичко, ниту веќе билатерално прашање. Г-дин Белери ги ужива истите права како и секој друг албански државјанин и ниту еден албански државјанин не е над законот, напиша Џачка на социјалните мрежи.

Нагласила дека "купувањето гласови е сериозно прекршување на албанскиот  закон и неговиот случај е веќе на суд". 

„Единствено што можеме сите да направиме е трпеливо да чекаме процесот да си го земе својот тек и да не прејудицираме или нагаѓаме за тоа“, пишува таа.

Фреди Белери беше уапсен на 12 мај, два дена пред локалните избори, во неговото кафуле во Химара, под сомнение за купување гласови, по што судот во Валона му одреди мерка притвор и остана таму.

На изборите беше избран за градоначалник на Химара, од опозициската изборна коалиција "Победуваме заедно", предложен од партија за заштита на човековите права ( партија на грчкото малцинство).

Тој е претседател на огранокот на  организацијата на грчкото малцинство "Омонија" за истиот град.

Неговото апсење ја заостри реториката од дистанца меѓу Атина и Тирана. По заканата на Атина дека неговото апсење ќе влијае на албанскиот  евроинтегративен пат, Тирана и возврати да не се меша во внатрешните работи на Албанија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk