На социјалните мрежи се шири фотографија од дива свиња која лежерно се шета по блоковите на Нов Белград, а една девојка вели дека пред неколку дена имала опасна средба со ова огромно животно.
- Во саботата околу 5 часот наутро се движев по тротоарот до ФДУ, кога претпоставувам дека истото животно скокна од грмушките. Продолжив да одам, но по 10 секунди таа налета на мене со голема брзина и многу агресивно. Беше на само 10 метри од мене. Трчав по улицата колку што можев побргу - вели девојката.
Дивата свиња за среќа се откажала од понатамошниот напад.
- Кога почнав да трчам, таа се повлече и замина. Воопшто не е наивно. Некој може некако да се повреди. Верувам дека ги има повеќе наоколу и дека од страв сакаат да нападнат - вели девојката.
Дивата свиња, била снимена на приближно истото место кон крајот на ноември. Потоа се движела покрај оградата на градилиште и одеднаш пред шокиран возач излетала на улица со неверојатна брзина.
Пред тоа, стадо диви свињи ги исплашиле и граѓаните кои се шетале по кејот Земун кај ТЦ „Ушче“. По патеката која води кон хотелот „Југославија“ трчало стадо диви свињи, објави српски Курир.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата