logo
logo
logo

Драма на плажа во Грција: Момче од Србија во последен момент спаси од давење маж од Скопје

Vecer | 06.06.2025

Драма на плажа во Грција: Момче од Србија во последен момент спаси од давење маж од Скопје

Неименувано момче спаси постар човек од Скопје, кој се давеше, објави Телеграф.

Сè се случило во средата на Олимпик Бич. Според објава на Фејсбук страницата Grčka info, постариот човек и неговата сопруга влегле во водата.

„Тие влегле во водата држејќи се за раце. Жената знаела да плива, но тој не знаел. Тие се оддалечиле околу 50 метри од брегот, но водата им била до половината. Слушнале вресоци и повици за помош. Една девојка која била во нивна близина почнала да вика помош. Во тој момент, еден млад човек од Србија, кој бил на плажата, скокнал од лежалка и без размислување се стрчал во водата. Успеал да го извлече човекот на брегот“, се вели во објавата во популарната Фејсбук група.

Се додава дека меѓу пливачите, за среќа, имало и девојка која е докторка и која веднаш започнала со реанимација.

„По некое време, човекот почнал да покажува знаци на живот и почнал да ги движи рацете и нозете. Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница. Благодарение на брзата реакција на присутните и брзиот одговор, животот на човекот бил спасен“, се додава во објавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk