logo
logo
logo

Докторот од Македонија кој прегази куќе во Софија се пријавил во полиција, ослободен е со кауција од 5.000 лева

Vecer | 13.11.2025

Докторот од Македонија кој прегази куќе во Софија се пријавил во полиција, ослободен е со кауција од 5.000 лева

Иако изминатите два дена бугарските медиуми шпекулираа дека Цоневски си заминал од Бугарија, сепак од софиската полиција потврди дека тој со неговиот адвокат самиот се пријавил, по што му биле дадени материјалите од обвинението и бил пуштен со кауција од 5 илјади лева.

Бугарското обвинителство веќе соопшти дека против него е покренато обвинение за „екстремна суровост кон животно“, но не и за убиство, бидејќи кучето било евтаназирано подоцна.

Вознемирувачката снимка од инцидентот предизвика жестоки реакции и протести кај нашиот источен сосед, а доколку судот во Бугарија го прогласи за виновен, Цоневски се соочува со затворска казна од една до пет години. Додека трае истрагата, тој е суспендиран од работното место во Военомедицинската академија во Софија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk