logo
logo
logo

Дојави за поставени бомби и во училишта во Пријепоље и во Врање

Vecer | 02.10.2025

Дојави за поставени бомби и во училишта во Пријепоље и во Врање

Станува збор за основни и средни училишта.

Во исто време, во неколку училишта на територијата на Врање, пристигнале по е-пошта дојави за поставени експлозивни направи дури и пред децата да дојдат на училиште.

Во Нови Пазар утрово, полицијата излегла на терен откако било пријавено од училишта дека добиле дојави за поставени бомби, по што децата биле евакуирани од училиштата.

Дојави за поставени бомби во две основни училишта во Нови Пазар.

Двете најголеми основни училишта во Нови Пазар, „Братство“ и „Рифат Бурџовиќ Тршо“, утрово добија дојави за поставена бомба. 

Директорот на Основното училиште „Братство“ Дејан Колунџиќ изјави дека ја виделе е-поштата откако работниците пристигнале во таа образовна институција и дека родителите и учениците веднаш биле информирани дека наставата нема да се одржува сè додека полицијата не спроведе истрага, јави РТС.

Истата постапка преземена и во Основното училиште „Рифат Бурџовиќ Тршо“.

Основното училиште „Братство“ е најголемото училиште во Нови Пазар со повеќе од 2.000 ученици, додека основното училиште „Рифат Бурџовиќ Тршо“ има нешто повеќе од 1.500 ученици.

Припадници на МВР на Србија вршат истрага.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk