Неколку илјади луѓе се собраа во Бања за поддршка на Додик пред првостепената одлука на Судот на БиХ што се очекува денеска. На собирот беше и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот поранешен адвокат и градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.
„Претседателот Трамп е запознаен со овој дел од светот и уверен сум дека за четири години ќе развие пријателство со овој дел од светот“, рече Џулијани на митингот.
„Во БиХ не е донесен ниту еден закон според кој јас сум го прекршил уставот. Само урнете го уставот и ќе видите каков е одговорот. Одговорот ќе биде уставен. Ќе го зачуваме мирот и никој од нашите мажи и жени нема да оди во војна“, им рече Додик на насобраните.
Подоцна, на прес-конференција тој повика на дијалог, кој е неопходен за стабилизирање на ситуацијата во БиХ.
„Националното собрание на Република Српска ќе усвои се што е потребно за тој дијалог. Отфрлам секаква можност за воен конфликт“, нагласи Додик.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата