logo
logo
logo

Додик повикан на распит во Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок

Vecer | 10.03.2025

Додик повикан на распит во Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска се очекува да се јави во Обвинителството на БиХ како осомничен за напад на уставниот поредок на државата, откако потпиша указ со кој се прогласуваат закони за забрана на работата на Судот и Обвинителството на БиХ, како и на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ на територијата на РС. Освен него, осомничени се и премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ.

Тие закони беа усвоени од Националното собрание на РС на 27 февруари, а на 7 март Уставниот суд на БиХ ги поништи.

Додик претходно изјави дека нема да одговори на поканата од Обвинителството на БиХ, наведувајќи дека РС не ги признава активностите на таа институција на своја територија.

Според процедурата, доколку Додик не сака да дојде на рочиштето во Обвинителството на БиХ, мора да испрати оправдана причина поради која е спречен да присуствува, по што ќе му биде испратена нова покана.

Доколку не се јави на таа покана, тогаш според Законот за кривична постапка на БиХ се издава наредба за приведување, а во краен случај се распишува потерница. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk